Во релаксирана и убава атмосфера, викендов, на плоштадот Македонија во Скопје се одржа Фестивал на италијанска храна, организиран од Амбасадата на Италија и ITA-Italian Trade Agency, со кој се одбележа 6-тата Недела на италијанската кујна на светот. 

Посетителите уживаа во италијанските специјалитети инспирирани од традицијата на регионите Кампаниа, Венето, Лацио, Тоскана и Емилија -Ромања кои специјално за оваа прилика ги подготвија рестораните LA TERRAZZA, TAVERNA TOSCANA, IL MATTO NAPOLETANO, RISTORANTE VENETO, YES PASTA и BOTTEGA DEL GUSTO; се купуваше италијанско кафе, ликери, вина, пиво и специјалитети so тартуф од увозниците AMBROZIJA BEHA, ITA BRAND EUROLAB и BOTTEGA DEL VINO. 

Многу дружење, забава и танцување на звуците на италијанската музика кои одекнуваа на плоштадот Македонија. Со овации и аплаузи беше проследен концертот на баритонот Павле Камилоски, саботата попладне, а забавата продолжи до вечерните часови. 

Во неделата на пладне, најсреќните посетители беа извлечени на лотарија и добија вредни награди од спонзорите НЕПТУН, COIN CASA, BOTTEGA DEL VINO, BOTTEGA DEL GUSTO, YES PASTA и EUROLAB, а гостите повторно се забавуваа до доцна попладнето со најпознатите италијански хитови во интерпретација на бендот NYX. 

Претходна статијаФИТР на консултативна средба со странските донатори за годишната програма
Следна статијаБесплатни онлајн настани за изучување на програмирање, веб дизајн и дизајн со Едуфронт

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.