DSC02128.0.0
theverge.com

Најдобар начин за претставување на Flow е неговата споредба со Continuity системот претставен од страна на Apple минатиот месец. Тој систем во основа овозможува да започнете една работа на еден уред и истата да ја продолжите на друг уред, како и можност за добивање на нотификации, повици и слично на вашиот компјутер.

Samsung Flow е систем кој што треба да ги овозможи овие работи, се разбира на производите од оваа компанија. Тоа значи дека одредени активности ќе можете да ги префрлувате или проверувате на паметен часовник, телефони, таблет, компјутер и телевизор.

Flow системот беше претставен на Samsung Developer Conference 2014 и сепак ќе треба време додека почнеме да го гледаме интегриран во производите кои што ги користиме. За апликациите да можат да функционираат со Flow, програмерите ќе имаат на располагање API алатка, а компатибилни ќе бидат сите апликации кои што имаат можност за поврзување со системот за споделување на Android системот. Фактот што интеграцијата е оставена на програмерите значи дека сепак популарноста и достапноста на системот ќе зависи од повеќе фактори, а не само од Samsung.

Flow е составен од три компоненти, односно можности за работи. Трансфер, одлагање и известување се трите основни компоненти од кои што може да се видат достапни функции на системот.

Како што и самите имиња кажуваат, Трансфер овозможува да префрлите одредена започната работа од еден на друг уред. Тоа значи дека доколку гледате одредена слика, истата можете веднаш да ја прикажете на вашиот телевизор или компјутер на пример. Flow исто така има можност за префрлување на активности како видео повици, што во основа ги разликува ваквите системи од обично поврзување на телефонот со телевизорот или облакот.

Префрлувањето, исто како и кај Apple Continuity се врши од самата апликација на соодветна апликација на друг уред во истата состојба.

Втората компонента, одлагање, овозможува да започнете одредена активност, истата да ја ставите во еден вид на пауза, па да ја продолжите на истото место на друг уред. Пример за ова би било започнувањето на работа на одреден документ на вашиот мобилен телефон или можеби домашниот компјутер, по што истата работа ја продолжувате потоа на вашиот компјутер на работа.

Компонентата извести, како што и самото име кажува, овозможува гледање на нотификациите од еден уред на друг. Ова овозможува да добивате нотификации за дојдовни повици директно на вашиот телевизор, како и нотификации за состојбата на батеријата на уредот на пример.

Можеби ваквите системи не се нешто револуционерно, а имало повеќе слични во форма на апликации, сепак нивната функционалност најдобро може да дојде до израз кога ќе бидат применети од страна на производителите на уреди и софтверски решенија. Овој систем е еден од најдобрите новини вклучени во новите верзии од OS X и iOS оперативните системи и сигурно би било добро да го видиме ова и кај другите.

Извор: The Verge, Engadget

Претходна статијаUbuntu MATE 14.04 LTS достапен за симнување
Следна статијаСите Lumia Windows Phone 8 уреди треба да бидат надградени на Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.