Верзијата на оперативниот систем можеби делува како грешка, меѓутоа се работи за покасно излегување на верзијата која што ќе вклучува долгорочна поддршка. Истата иако издадена после излегувањето на Ubuntu 14.10 го носи бројот 14.04 поради поклопување со верзијата од Ubuntu која што оваа година ја вклучува долгорочна поддршка.
Инаку за корисниците на оваа интересна дистрибуција, МАТЕ десктоп околината е посебно развиена GNOME 2 околина продолжена по претставувањето на GNOME 3. Оваа десктоп околина кога за првпат беше претставена вклучи повеќе суштински разлики во начинот на работа, како и корисничкиот интерфејс што беше критикувано од страна на голем број на корисници. Поради тоа корисниците решаваат да го користат оваа покласична десктоп околина без разлика за која верзија од оперативниот систем се работи.
Од оваа недела Ubuntu MATE 14.04 LTS е достапен за симнување и за разлика од претходната верзија ги вклучува следните промени:
- Надградба на темите и позадините
- Две нови апликации
- Подобрувања на режимот за лица со оштетен вид
- VLC како стандарден видео плеер
- Ажурирани повеќе софтверски пакети
Се разбира постојат повеќе начини, сепак тоа го овозможува слободата на Linux дистрибуциите, да користите покласична десктоп околина, меѓутоа некои корисници сакаат тоа да го имаат без потреба од менување од нивна страна.
Оваа верзија од оперативниот систем можете да ја симнете преку следниот линк.
Извор: OMGUbuntu