За жал и покрај свесноста за овие факти, голем број на возачи не ги почитуваат правилата за ограничување на брзината. Според статистичките податоци брзото возење и понатаму останува доминантна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици.

Кога е во прашање брзото возење воглавно постојат три групи на возачи и тоа:

•  возачи кои целосно и безусловно ги почитуваат правилата за ограничување на брзината;

• возачи кои понекогаш ги пречекоруваат правилата за ограничување на брзината или го прават тоа во рамки на отстапувања кои според нивно лично мислење се прифатливи и

• возачи кои често ги пречекоруваат правилата за ограничување на брзината

Науката и статистиката покажуваат дека сопирачкиот пат на возило кое се движи со брзина од 50 км/ч е 26 метри, додека сопирачкиот пат на возило кое се движи со брзина од 60 км/ч е 34 метри. Разликата од 10 км/ч е всушност разлика помеѓу живот и смрт. Токму тоа беше и причината најголемата дозволена брзина во населено место во изминатите години да се намали од 60км/ч на 50 км/ч.

Брзината од 10 км на час над дозволената го зголемува растојанието на сопирање на возилото, во просек, за 10 метри, што може да биде фатално, особено во населени места. Затоа е важно да се намали просечната брзина во населени места и на регионалните патишта со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот. Резултатите од истражувања во странство покажуваат дека со намалувањето на просечната брзина за само 1 км на час, бројот на сообраќајни незгоди во населено место би се намалил за 4 проценти, додека бројот на сообраќајни незгоди надвор од населено место би се намалил за 2 проценти.

Дека побавното возење е побезбедно потврдува и фактот дека веројатноста за смртност на пешаците при удар на возило со брзина од 50 км на час е 85 проценти, додека веројатноста пешак да загине при удар на возило со брзина од 30 км на час е помалку од 10 проценти.

Согласно наведеното, брзината е клучен фактор на ризик за безбедноста на најранливите групи учесници во сообраќајот (пешаците, велосипедистите, старите лица и децата), а исто така брзината е клучен фактор за сериозноста на последиците за возачите и патниците во возилата.

„Брзото возење убива!“

„Брзото возење изнудува грешки кои најчесто завршуваат фатално!“

„Брзото возење ве носи кон брз и неславен крај!“

Затоа РСБСП апелира: Намали ја брзината пред да биде доцна! Биди одговорен возач и почитувај ги правилата за ограничување на  брзината.

Претходна статијаРецензија – Galaxy Watch4 го става Samsung на врвот на пазарот на паметни часовници
Следна статијаЕндава ја доби Гранд При наградата на Employer Brand Awards Adria