Фото: Shutterstock.com

27 годишен маж во скоро 2 часот наутро купил 300 iPhone телефони од познатата Apple продавница на Петтата Авенија во Њујорк. Според информациите, не било првпат тој да купи ваква голема количина на телефони, а тоа го правел со цел да ги продава подоцна преку неговиот бизнис. Во тој период биле достапни и попусти поради „црниот петок“, па јасна е одлуката за купување, но не и зошто толку касно во вечерта.

Сите телефони биле ставени во три торби, по што тој се упатил кон неговиот автомобил. Во тој момент друг автомобил застанал од кого излегле луѓе кои му ги побарале торбите.

Човекот не сакал да ги даде, па напаѓачите успеале да земат една торба од трите притоа удирајќи го неколку пати.

Вредноста на украдената торба се проценува на околу 95.000 долари, а случајот секако бил пријавен во полиција.

Во овој период не се објавени повеќе информации за случајот, но дефинитивно ова не е нешто што често може да се прочита.

Непознатиот маж можеби иднина ќе размисли за времето од денот кога купува ваква количина на телефони или нарачката можеби во иднина ќе ја прави онлајн.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаЕлон Маск ги презентира дел од плановите за Twitter во наредниот период
Следна статијаApple и Google ги објавија најдобрите апликации за нивните платформи за 2022
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.