Uber, автономно возило, несреќа

Автономно возило на светски познатата компанија Uber, за време на своето тест возење усмрти пешак. Сето ова се случило во местото Темпе во Аризона, САД. Властите се сега пред сериозен потег. Се поставуваат прашањата:

  • Што да се направи во ваква ситуација?
  • Што ќе значи донесената одлука за иднината на автономните возила?

Усмртениот пешак е 49 годишна жена, по име Елејн Херцберг. Таа ја преминувала улицата со својот велосипед вон пешачкиот премин. Ова се случило токму кога се спроведувало тест возење на автономното возило на Uber. По настанот, жената брзо била пренесена во болница, но за жал, како резултат на здобиените повреди набрзо умрела. Полицијата се’ уште е во фаза на расчистување на случајот.

Според регулативите, за да може автономно возило да спроведе тест возење, мора да има помошен возач внатре. Идејата е човекот да преземе контрола, ако работите тргнат наопаку, односно доколку возилото не ја следи предвидената рута. За време на целата случка, немало други патници кои учествувале во несреќата.

Професорот по право на Универзитетот Северна Каролина, Брајан Валкер Смит, смета дека е прерано да се носат било какви заклучоци врз основа на преелиминарните информации.

“Можно е автонoмиот возачки режим на автомобилот да не го детектирал пешакот, односно да не ја класифицирал жената како поминувач” – вели професорот во мејл. “Јас не знам дали ова е последица на реагирање доцна или дека услови за такво нешто немало воопшто.”

Сепак, ова не е првата жртва на автономните возила. Џошуа Браун е првиот кој настрада како резултат на неговото возило Tesla Model S кој беше во автономен режим на возење. Возилото изгубило контрола така што биле блокирани автоматските безбедносни системи. Трагичниот прв удар на автомобилот бил на шофершајбната.

Како и да е, поради алармантната ситуација, Uber го паузираше тестирањето на своите автономни возила. Дел од организациите кои се залагаат за построга регулација на автономните возила, го искористија случајот за да потсетат на својата агенда.

Останува да видиме како ќе се развиваат работите во иднина.

Што мислите вие на оваа тема?

Пишете ни во коментар ?✍

Ииии следете не’ на социјалните мрежи ✌

Претходна статијаДали Apple сите свои модели ќе ги направи како iPhone X ? – неофицијални слики го покажуваат SE 2 во овој стил
Следна статијаYouTube тестира слика-во-слика функција на десктоп