YouTube апликациите за Android и iOS веќе подолг период ја имаат оваа навистина корисна функција. Истата овозможува да додека гледате некое видео, наместо да го прекинете, го намалите во десниот долен агол и да продолжите да го гледате додека пребарувате.

Оваа функција можно е да стане достапна и за десктоп верзијата од YouTube, а во овој момент истата се тестира за ограничен број на корисници. Не е познато дали функцијата ќе биде пуштена за сите корисници некогаш во иднина или ќе биде ограничена на некој од платените сервиси на YouTube кои се жал сега за сега не се достапни во нашата земја.

9to5Google

Исто како и на мобилните, видеото коешто во моментот се гледа автоматски се намалува во десниот долен агол кога ќе се притисне на нешто друго на страната, како на пример насловната страна, пребарување за друго видео, прегледување на некој канал и слично.

На намаленото видео ќе останат насловот и контролите, како и копче за исклучување на истото.

Во тест фазата на функцијата не е можно вклучување или исклучување на истата, па не е познато дали на корисници ќе им биде даден изборот доколку биде пуштена за сите.

Оваа функција е навистина корисна и би сакале да ја видиме и на десктоп од каде се’ уште не ретко гледаме видеа. Истата значително го олеснува процесот на барање што наредно да се гледа, додека видеото кое моментално го гледаме се’ уште е пуштено, но не мора активно да го следиме.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 29to5Google
Претходна статијаАвтономно возило на Uber усмрти пешак. Што значи ова за нивната иднина?
Следна статијаЃорги Селков: Ja предизвикавме природата на двобој, сега е време да реагираме веднаш
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.