Какви жешки денови имаше ова лето, а и тоа не е нешто ретко кај нас, човек би пробал се што може за да барем до некаде се олади во таквите денови кога мора да биде надвор.

Sony е во фаза на развој на мал уред којшто се поставува во специјално дизајнирана маичка со џеб на горната страна од задниот дел. Од тука уредот треба да има ефект на ладење на телото, а тој исто така може да се користи и за загревање во зимските денови.

Начинот на којшто Sony го развива овој уред е преку групно финансирање, а истиот се планира да биде достапен во Јапонија од идната пролет. Дали и кога би можел да се очекува во остатокот од светот изгледа зависи од успехот на домашниот пазар.

Начинот на којшто овој уред го лади или затоплува телото е преку таканаречен „Пелтиер ефет“. Уредот преку користење на мала електрична енергија ја апсорбира топлината или ја враќа назад, во случај да треба да се користи за загревање.

Во најавата за уредот стои дека неговата батерија треба да издржи до 24 часа, меѓутоа информациите од порталот Engadget кажуваат дека уредот би може непрекинато да работи само нешто помалку од 2 часа, што сепак е доволно за кратки периоди надвор кога треба да се стигне некаде, а не да се шета цел ден.

Reon Pocket се контролира преку мобилна апликација, а кога ќе биде развиен се најавува автоматска контрола на температурата зависно од условите. Промената на температурата која се истакнува изнесува до 13 за ладење и 8 за загревање на телото, што е повеќе од доволно.

Единствено што останува како прашање е дали „вадењето на топлината“ од мал дел од телото може да предизвика доволно ладење на поголемиот дел од телото за да овој уред воопшто има ефект, без разлика на времетраењето на неговата батерија.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статија26-то издание на фестивалот Golden Drum оваа година под слоганот „Креативност за промени“
Следна статијаДецата денес повеќе сакаат да бидат „јутјубери“ отколку астронаути кога ќе пораснат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.