Shutterstock.com

Поддршката за веќе стариот Windows 7 официјално завршува на почетокот од идната година, односно во јануари 2020. Тоа значи дека Microsoft веќе нема да пушта безбедносни надградби и исправки за корисниците и тие ризикуваат да користат небезбеден оперативен систем.

Корисниците на Windows 7 веќе почнаа да добиваат известување од Microsoft, а тоа може да се каже и дека направи разлика, па бројката на корисници на Windows 10 е значително зголемена, иако не само поради оваа причина.

Една категорија на корисници сепак имаа можност да продолжат да добиваат безбедносни надградби и по истекот на поддршката идната година, а тоа се поголемите компании, односно корисниците на Windows 7 Enterprise и Professional, кои плаќаа групно за своите лиценци, однсно преку „volume licensing“.

Microsoft сега поради некоја причина, реши да ја прошири оваа програма, наречена ESU – Extended Security Updates за бизнисите со било која големина.

Бизнисите ќе можат да платат да им се продолжи поддршката за наредните 3 години, односно до 2023. За истото ќе се плаќа по компјутер, а цената ќе се зголемува секоја наредна година.

Очигледно е дека Microsoft не сака да го направи исплатливо останувањето на Windows 7, но ја дава можноста доколку некои компании сепак сакаат да го одложат префрлувањето на Windows 10 или било кој друг оперативен систем.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаНадминете ги ограничувањата на креативноста и бизнис обврските со Note10 серијата на Samsung
Следна статијаMicrosoft ги изненади сите и најави враќање на пазарот на смартфони со Surface телефон кој работи на Android
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.