Microsoft минатата година објави дека се откажуваат од развојот на сопствена технологија за интернет прелистувач и се приклучуваат на Chromium отворениот проект.

Оваа технологија, со најпознатиот прелистувач Google Chrome, моментално држи најголем процент од пазарот, над 80%, што ги остава другите на далечното второ и останато место.

Firefox од Mozilla иако е одличен прелистувач, а посебно по воведувањето на нивната нова, Quantum, технологија, сепак држи само околу 5% од пазарот, што е премалку.

Голем дел од причината за ова е што многу други прелистувачи се направени на основа на Chromium, не само Chrome, па со приклучувањето на Microsoft во овој проект, процентот само ќе се зголеми.

Програмер од Microsoft смета дека Mozilla треба да се откаже од својата технологија и да се приклучи на Chromium. Според него, тие на овој начин би можеле многу повеќе да придонесат за веб стандардите, отколку да развиваат за мал број на корисници.

Тој својот став го истакна преку Twitter, а ме интересира кои се вашите мислења на оваа тема.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.