Кога Samsung го претстави Galaxy Note9 минатата година, тој дојде со ново S Pen панкалце кое има поголема намена, од само основната да се користи за пишување на екранот од телефонот.

За првпат, S Pen дојде со вграден Bluetooth и можност да се контролираат одредени работи на телефонот, како на пример музиката, а уште покорисно, можност за сликање со камерата со притискање на копчето на пенкалцето.

Според патент којшто им е одобрен на Samsung оваа недела, можеме да видиме што тие плнираат за некои од идните S Pen пенкалца, можеби за Note10, ќе видиме.

Patently Mobile

Во патентот стои дека од компанијата планираат да вградат камера директно во пенкалцето, камера која што за разлика од малите во мобилните, ќе може да овозможи многу подобар оптички зум.

Ваквата поставеност на камерата, покрај подобриот зум, ќе може да овозможи и сликање од одредени агли кои можеби не се толку лесни да се сликаат со мобилниот, а екранот од мобилниот би се користел за точно позиционирање на камерата.

Сликите од камерата во пенкалцето би биле префрлани на мобилниот преку Bluetooth, со што веднаш ќе бидат достапни за разгледување и споделување на друштвените мрежи.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаFacebook ќе почне да ни прикажува кој ги има нашите контакт информации за рекламни цели
Следна статијаПрограмер од Microsoft им препорачува на Mozilla и тие да се приклучат на Chromium проектот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.