Shutterstock.com

Познатиот Flash официјално престанува да добива поддршка заклучно со утрешниот ден, односно 31-ви декември 2020. Додатокот ја доби својата последна надградба пред неколку недели, а од 12-ти јануари Adobe ќе почне да ја блокира содржината преку Flash Player.

Поради безбедносниот ризик за корисниците кои уште ја користат оваа стара технологија и по завршетокот на поддршката, Adobe почна со нивно известување преку кое тие ќе можат целосно да го избришат додатокот од својот компјутер.

Сепак, бројката на корисници кои уште го користат Flash е мала, а тоа нема да можат да продолжат да го прават и причина за тоа не е само блокирањето на содржината од страна на Adobe.

Microsoft ќе пушти надградба за Windows 10 идната година која целосно ќе го избрише додатокот, а истото ќе го направат и интернет прелистувачите. Mozilla ќе го направи тоа со наредната верзија од прелистувачот, односно од 26-ти јануари, а истото се очекува и од наредните верзии од Chrome и Edge.

ИЗВОРSlashGear
ИЗВОР 2Windows Latest
Претходна статијаКомпанијата „Commvault“ овозможува заштита на компаниите од „ransomware“ нападите
Следна статијаАЕТМ: Компаниите се повеќе отвораат онлајн продавници или одлучуваат да бидат дел од локална „маркетплејс“ платформа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.