Shutterstock.com

Adobe официјално ќе ја прекине поддршката за Flash веб технологијата на 31-ви декември оваа година, со што ќе го стави крајот на оваа веќе стара и недоволно безбедна технологија. Почнувајќи од 12-ти јануари идната година, од компанијата ќе ја блокираат секоја содржина од Flash Player, освен во Кина, со што корисниците и да сакаат веќе нема да можат да отвораат содржина направена во оваа технологија.

Flash донесе голем напредок во веб технологиите, со воведување на можност за интересни анимации, игри, како и веб апликации кои до тогаш не беа замисливи. Сепак, со тек на време беа развиени нови технологии кои овозможуваа повеќе работи, со помалку ресурси, а најважно од се, без безбедносните пропусти кои станаа голема карактеристика на Flash.

Прелистувачите, како и оперативните системи исто така ќе ја тргнат поддршката за Flash, што значи дека веќе и ќе нема начин како да се дојде до оваа содржина, освен за тие кои навистина сметаат дека мораат или сакаат.

Корисниците во главно нема да забележат некаква разлика со оглед на фактот што Flash веќе одамна е заменет со поновите технологии, содржината одамна исто така не се изработува во Flash, а и прелистувачите почнаа да ја блокираат со можност корисникот да ја вклучи содржината направена во оваа технологија.

ИЗВОРAdobe
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаHi-Fi слушалките Huawei FreeBuds Studio достапни и на македонскиот пазар
Следна статија„Протечени“ официјални промотивни делови од видеа за Galaxy S21 телефоните го потврдуваат нивниот изглед
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.