Поддршката за Flash официјално завршува во јануари идната година, а од Mozilla ја најавија и точната дата кога тоа ќе стане официјално за нивниот прелистувач Firefox.
Firefox 84 ќе биде последната верзија од прелистувачот која ќе има поддршка за Flash содржина, по што верзијата 85, која ќе стане достапна на 26-ти јануари веќе нема да може да пушта содржина со оваа стара и небезбедна веб технологија.
Корисниците не би требало да ја забележат оваа промена поради тоа што Flash веќе со години не се користи, а и прелистувачите го имаат исклучено, односно не се вклучува автоматски, иако поддршката е тука.
Целосното тргање на можноста Flash да функционира дополнително ќе придонесе кон безбедноста при сурфањето, поради тоа што ќе го нема ризикот од можното „налетување“ на некоја таква веб страна.
Корисниците на бета и програмерските верзии од Firefox, кои ќе ги инсталираат овие верзии од Firefox 85, порано ќе почнат да го користат овој прелистувач, првпат после толку време без поддршка за Flash.
Microsoft пушти посебна надградба за Windows 10 кој со тек на време ќе им биде инсталирана на сите корисници, која ја трга целосно поддршката за Flash од овој оперативен систем.