Морничавиот британски психолошки трилер Сестра (The Sister) е нова серија на Pickbox NOW. Четириделната мистерија се темели на романот „Закоп“ од писателот и сценарист Нил Крос (Лутер, Оперативци), кој е инспириран од една чудна вистинска случка. Имено, сестрата на Крос во 1985 г. имала ноќна мора за тоа како убива бездомник, а Крос го искористил тоа за да ја создаде застрашувачката серија.

МОРНИЧАВО И ЗАСТРАШУВАЧКО

Дејството на серијата се одвива во рамките на 4 ноќи, а секоја епизода е полна со убиства, интриги, измами, проколнати куќи, духови и натприродни случки. Главниот лик е добронамерниот, но  загубен Нејтан (Расел Тови) – човек кој носи страшна тајна и се надева дека таа никогаш нема да биде откриена. Нејтан го прогонуваат грешките што ги направил во минатото, а кои се однесуваат на исчезнувањето на сестрата на неговата сопруга Елис (Симона Ешли).

После 10 години нов брак со Холи (АмритаАчарија), Нејтан е посетен од Боб (Берти Карвел), несакан лик од минатото на Нејтан, кој се појавува со шокантни вести од кои ќе започне серија катастрофални одлуки.

Ова е една од оние серии поради кои ќе посакате да спиете со запалено светло. Ве очекува застрашувачка мистерија, психолошка напнатост, но и љубов и можно искупување.

АКТЕРСКА ПОСТАВА

Во главната улога го гледаме Расел Тови, кој за улогата на Нејтан доби само пофалби од критичарите. Неговиот одличен приказ на добронамерен човек кој е заробен во сопствениот пекол, ја прави оваа серија особено впечатлива и застрашувачка. Во последно време можевме да го видиме Тови во сериите Години и години, Тој и таа, Да се биде човек, Момци за историја и Крв и месо.

Покрај него, тука е Берти Карвел чии неодамнешни актерски достигнувања ги гледавме во сериите Бледиот коњ, Доктор Фостер и Централен Багдад.

Во другите улоги играат Амрита Ачарија како Холи, Нина Тусан Вајт како Џеки, Пол Бејзли како Греам, Симона Ешли како Елис и Аманда Рут како Џун.

Морничавата британска трилер серија Сестра (The Sister) гледајте ја веднаш на Pickbox NOW.

ЗА PICKBOX NOW УСЛУГАТА НА БАРАЊЕ

Pickbox NOW го носи најдоброто од холивудската и европската продукција од светот на сериите и филмовите преку онлајн услугата за видеа на барање и преку понудата на избрани телеком оператори во Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Претходна статијаМКЦ стана дел од уште еден голем европски проект – SCENERGIES
Следна статијаFirefox веќе ќе нема поддршка за Flash од 26-ти јануари