Фото: Shutterstock.com

X, поранешен Twitter, ќе започне со собирање на биометриски податоци, но не од сите свои корисници како што се кажуваше, туку само од Premium корисниците. Целта на ова ќе биде точна идентификација на овие корисници, односно потврда дека се работи за личноста на чие има гласи профилот.

Поточно, X со ова сака да подобро се бори против ситуациите на имитација, односно лажно претставување, а со тоа да ја направи оваа платформа побезбедна, како што истакнуваат од компанијата.

Premium корисниците ќе можат да ги дадат своите лични карти, како една можности, а исто така ќе можат да ги дадат своите биометриски податоци, како што е отисокот од прстот.

Оваа новина треба да ја зголеми сигурноста дека профилите кои имаат ознака на нив, се навистина верификувани, нешто што стана проблем по купувањето на мрежата од страна на Елон Маск кој можноста за ознака ја даде на сите кои ја плаќаат Premium претплатата.

Без разлика на презентацијата, ваквата одлука за некои го отвора прашањето за приватноста на X, а во тој правец оди и најавата дека од компанијата планираат да ги користат јавните податоци кои ги објавуваат корисниците за тренирање на вештачката интелигенција.

ИЗВОРThe Hacker News
Претходна статијаШпаркасе Банка АД Скопје започна со делење на картичките за субвенциониран студентски оброк
Следна статијаChromebook уредите се доволно популарни да ги натера Apple да размислуваат за нова и поевтина MacBook серија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.