По откривање на пропуст кај Pixel уредите, поточно алатката кај овие телефони за правење на слики од екранот, истите програмери сега открија сличен пропуст кај Snipping Tool кај Windows 11, нешто што секако повеќе не засега.

Пропустот овозможува да со посебни алатки се дојде до дел од сликата кој е исечен, односно „cropped“. Наместо податоците од датотеката за исечениот дел да бидат тргнати, тие остануваат, па иако апликациите за слики не го прикажуваат тој дел, можно е негово барем делумно враќање и откривање.

Ова функционира со одредени .png и .jpg датотеки и се случува кога одредена слика е отворена со Snipping Tool, исечена, па повторно зачувана. Проблемот се трга доколку сликата се отвори со друга апликација и се зачува како нова датотека.

Како и сите вакви откритија, тие не се до толку голем проблем како што на прв поглед делува. Сепак, некој треба да дојде до сликите на корисникот, па да го има знаењето како да ги открие исечените делови, а тоа не е нешто толку лесно достапно.

Инаку, ова може да претставува проблем кога исечениот дел од сликата е исечен со причина, односно не само да се насочи вниманието кон друг дел, туку кога целта е да се тргнат од сликата важни и лични информации.

Потенцијално, хакери може да дојдат до информации кои корисникот не би сакал да се јавно споделени, од лични информации, до важни бизнис информации.

Од Microsoft истакнуваат дека ќе го разгледаат проблемот, па сигурно може да се очекува надградба, исто како што направи Google на Pixel уредите.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Bleeping Computer
Претходна статијаРеволуционерната правосмукалка Roborock S7 Pro Ultra, сега достапна во Смартус Македонија
Следна статијаNothing Ear (2) доаѓаат со подобрен звук, подобрено поништување на бучавата и можност за поврзување со два уреди во исто време
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.