Nothing, компанијата од ко-основачот на познатата OnePlus, може да се каже дека одлично се пробива на пазарот. Нивниот прв производ, кој не беше смартфон, безжични слушалки за во уво, сега ја добиваат својата втора верзија.

Nothing Ear (2) не донесуваат нешто посебно ново кога е во прашање дизајнот, а нема ни потреба. Тие повторно се направени со уникатниот, делумно проѕирен изглед, па корисниците навистина добиваат слушалки кои веднаш би биле препознатливи и различни од конкурентните.

„При прилагодување на Ear (2), ние иновиравме. Усовршувајќи го патот од уметник до уво. Така што музиката звучи исто како што било замислено. Новиот дизајн со двојна комора и нашиот динамичен драјвер од 11,6 mm овозможуваат репродукцијата да го открие секој детаљ. Ве транспортира до студиото за снимање, каде и да сте.“ – истакнуваат од Nothing.

Новата генерација од Nothing Ear овозможува слушање на музика до 1 Mbps, како и 24bit/192 kHz, а имаат и поддршка за LHDC 5.0 „кодекот“ за стриминг со висока резолуција преку Bluetooth. Квалитетот на музиката која корисниците треба да ја очекуваат, како што најавуваат од Nothing е со студио квалитет.

Нова можност кај Nothing Ear (2) е функцијата Dual Connection, односно можноста за поврзување со два уреди во исто време. Ова е одлична можност да се слуша звукот од компјутерот, на пример, а сепак да се остане поврзан со телефонот.

Втората генерација од ANC функцијата, односно активното придушување на бучавата овозможува придушување на звуци со јачина до 40 децибели. Тоа што е добро е што Ear (2) имаат три нивоа на ANC, па покрај најсилниот, може да се избере и прилагодлив, како и посебно прилагоден од страна на корисникот.

Од тоа што можеме да видиме вака на „хартија“, Nothing Ear (2) се одлични слушалки кои би сакале да ги пробаме и мислиме дека вредат доста повеќе од својата цена од 150 долари. Дефинитивно ќе направат разлика на пазарот и сигурно ќе видиме реакција од конкурентите, а посебно тие на поскапите слушалки.

ИЗВОРNothing
Претходна статијаSnipping Tool во Windows има пропуст кој може да овозможи откривање на „исечениот“ дел од сликите
Следна статијаНајавена Counter-Strike 2 – доаѓа за сите корисници како бесплатна надградба ова лето
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.