Пристапот до новиот Bing сега е пуштен за сите корисници, односно веќе не се чека по запишување на листа на чекање пред можноста да се користат новите функции. Ова е вака барем привремено, а од Microsoft имаат потврдено и ова е дел од тестирањата кои се прават од пуштањето на новиот Bing.

Ова значи дека функциите на основа на вештачка интелигенција се’ уште се сметаат дека се во „preview“ фаза и нивното користење сепак бара приклучување од страна на корисниците и не е достапно автоматски за сите.

Приклучувањето за добивање на пристап до новите функции се прави директно на страната од Bing, односно преку http://bing.com/new. Потребно е најавување со Microsoft сметка, а исто така пристапот засега е достапен само преку Microsoft Edge прелистувачот.

Инаку, со најновата верзија од Edge, корисниците од оваа недела добиваат директен пристап до новиот Bing како вградена функција во самиот прелистувач. Достапно е ново копче во горниот десен дел од апликацијата, а покрај можноста за поставување прашања и разговор, оваа функција овозможува и сумирање на делови од текст, креирање на нов текст и слично.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаОваа пролет започнете ново поглавје – 4 производи кои ќе ви ја подобрат благосостојбата и ќе ви помогнат да се прилагодите на секоја промена
Следна статијаПогледнете го „трејлерот“ од филмот за еден од најпознатите мобилни телефони „Blackberry“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.