Фото: Shutterstock.com

Директорката на Националното Разузнавање, Тулси Габарт, објави дека властите од Обединетото Кралство се сложиле да се откажат од барањето за создавање на „заднински пристап“ од страна на Apple за шифрираните податоци на корисниците. 

За ваквото барање, кое не може официјално да биде објавено, можевме да прочитаме во февруари оваа година, по што еден вид на потврда дека истото постои дојде по откажувањето на функцијата Advanced Data Protection од страна на Apple за корисниците во ОК. 

Габард истакнува дека овозможувањето на пристап до шифрираните податоци на корисниците ги нарушува цивилните слободи, а секако тука треба да се додаде и можноста за злоупотреба на таканаречениот „бекдор“ пристап од повеќе страни, не само од властите. 

Откажувањето на властите од ОК се истакнува како резултат на работа помеѓу Тулси Габард заедно со претседателот Трамп и потпретседателот Венс. 

Одлуката на Apple да ја откаже својата функција која овозможува шифрирање на податоците во iCloud е во рамките на политиката да не се овозможи заднински пристап во никој случај. 

Ова може да се каже дека е мала победа во време кога Обединетото Кралство и Европската Унија се во правец на барање за пристап до заштитената и шифрирана комуникација на корисниците, а сето тоа со оправдание дека се работи за заштита на децата, на пример. 

ИЗВОРThe Hacker News
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаТелеком влегува во партнерство со Wolt – 12 месеци бесплатна достава достапна за сите корисници на Телеком
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.