Познатиот закон за заштита на приватноста кој го донесе ЕУ пред неколку години со себе донесе една мала и досадна работа која сигурно нема кој ја нема забележано додека „сурфа“ по своите стандардни веб страни.

Кратко кажано, веб страната која ја посетувате треба од вас да побара дозвола дали смее и кои точно колачиња да ги зачувува од вашата посета. За таа цел кај повеќето страни се појавува известување во форма на „попап“ кое повеќето гледаме како најбрзо да го тргнеме и да продолжиме со читање.

Овие известувања овозможуваат целосно прифаќање на сите колачиња, целосно одбивање, како и избор на кои колачиња би сакале да ги прифатиме, иако најверојатно повеќето само притискаат на X копчето.

Ninja Cookie е додаток за интернет прелистувачите кој ќе ја тргне или барем намали оваа појава при сурфањето. Додатокот автоматски ќе ги трга сите известувања кои се појавуваат за оваа цел, а и доколку ја има таа можност, ќе избере да не се прифати согласноста за собирање на колачињата, освен тие кои се сметаат за неопходни.

Додатокот е достапен за повеќето познати прелистувачи, односно го има во продавниците на Google Chrome, Firefox, Microsoft Edge, Opera, а достапна е и бета верзија за Safari од Apple.

Страната од додатокот е на следниот линк, од каде можете да го симнете зависно од вашиот прелистувач кој го користите.

Претходна статијаССК: Континуитет на економските мерки за одржување на деловната активност и работните места
Следна статија„Backspace“ копчето веќе нема да функционира како „back“ копче во Firefox
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.