„Дали ова копче работи? Истражување на неефективните кориснички контроли на YouTube“. Со ваков наслов на истражувањето Mozilla докажува дека корисниците немаат голема контрола кога е во прашање користењето на механизмот на YouTube за насочување на алгоритамот каква содржина ќе продолжи да им предложува.

Корисниците имаат четири директни начини како избор за реакција кога на YouTube им се прикажуваат видеа кои тие не сакаат да ги гледаат. Достапни се копчињата „Don’t recommend channel“, „Not interested“, „Dislike“ и „Remove from watch history“.

Mozilla преку нивниот додаток за прелистувачите „RegretsReporter“ има анализирано податоци од 22.722 корисници, скоро 568 милиони видеа, а има направено и интервјуа на 2.758 корисници за директно да го кажат своето искуство.

Заклучокот на истражувањето на Mozilla е дека користењето на механизмите на YouTube многу малку или воопшто не влијае во промената на препораките кои ги дава алгоритамот. Тоа значи дека доколку одредено видео не ви се допадне, пријавувањето на тоа на некои од достапните начини до YouTube, нема да доведе до тоа да ваков вид на видеа веќе не ви бидат прикажувани.

Според резултатите на Mozilla, Don’t recommend channel има ефект од околу 43%, Remove from watch history 29%, додека not interested и dislike имале ефект од само 11%, односно 12%.

Реакцијата на YouTube на ова истражување може да се каже дека е доста логично. Од таму истакнуваат дека од Mozilla не знаат баш како функционираат механизмите и која е нивната цел. Тие немаат за цел целосно да ја тргнат сличната содржина, односно копчињата функционираат соодветно како што се замислени. Don’t recommend channel веќе не прикажува видеа од тој канал, а not interested трга одредено видео.

Одговорот на YouTube е логичен, целосното тргање на сличните видеа би направило да корисникот веќе и нема што ново да гледа, а би се појавил и ефектот на „информативен меур“, нешто што во денешно време се смета како не баш мал проблем.

Исто така, dislike копчето во главно е тука да им даде не знаење на креаторите на колку од корисниците кои го гледале нивното видео, тоа не им се допаднало, иако дел од ефектот треба да е и намалување на предлозите од тој канал.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаФИТР со нов јавен повик за младите „Предизвик за млади истражувачи 5”
Следна статијаApple ги зголемува цените на апликациите во App Store во одредени региони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.