Фото: Shutterstock.com

Mozilla Foundation на крајот од минатиот месец отпушти 30% од своите вработени, нешто што директно ќе влијае на дел од работата на организацијата која стои зад Firefox прелистувачот. 

Оваа одлука од организацијата ја потврдуваат за TechCrunch за кои истакнуваат дека „Mozilla Foundation ги реорганизира тимовите за да ја зголеми агилноста и влијанието, додека го забрзуваме нашиот труд за обезбедување на поотворена и праведна технолошка иднина за сите нас. За жал, тоа значи и завршување на некои од работите што историски сме ги следеле и укинување на соодветните улоги за да донесеме повеќе фокус во иднина.“

Отпуштањето на вработените, кои се верува дека се околу 40, директно ќе влијае на два оддели на организацијата, тој за застапување и одделот за глобални програми. 

Одделот за застапување може да се каже дека е еден од најпознатите и карактеристични оддели во организацијата, но од истата тврдат дека работата на тој план нема да престане. 

Инаку, Mozilla Foundation е непрофитниот дел од организацијата на Mozilla, каде што Mozilla Corporation директно работи на развојот на Firefox. Mozilla Foundation ја надгледува работата на корпорацијата и ги поставува политиките за работа, нешто по што се познати од Mozilla. 

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаДеца пијанисти приредија магична вечер изведувајќи ноктурна за Шопен
Следна статијаiOS 18 изгледа конечно ќе ја донесе информацијата за времето потребно да се наполни батеријата кај iPhone
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.