Фото: Shutterstock.com

Код во втората бета верзија за програмерите од iOS 18.2, забележан од страна на 9to5Mac, покажува дека Apple работи на воведување на функцијата за прикажување на времето потребно батеријата да биде наполнета. 

Ова е еден од тие примери на мали, но доста корисни функции кои се одамна достапни на Android, но Apple не ги воведува кај iOS поради некоја нивна причина. Ваква функција е достапна на MacBook уредите, што значи дека само мобилните уреди од компанијата ја немаат. 

Во кодот е откриен дел наречен „BatteryIntelligence“, што покажува дека функцијата ќе проценува колку време е потребно за полнење на батеријата врз основа на вештачката интелигенција. 

Дали од компанијата чекаа до развојот на генеративната вештачка интелигенција за пуштање на функцијата или нешто друго е во прашање, не би знаеле. 

Со оглед на тоа што овој дел од кодот се’ уште не е активен, се претпоставува дека Apple се’ уште работат на развојот, што значи дека може да се очекува подоцна со пуштањето на официјалната верзија од iOS 18.2 или некоја верзија подоцна. 

Со iOS 18 веќе беа пуштени новини поврзани со батеријата и полнењето, па корисниците на iPhone 15 и понов имаат можност за повеќе ограничувања на полнењето, како и информации за „здравјето“ на батеријата. 

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 29to5Mac
Претходна статијаMozilla Foundation отпушти 30% од вработените и веќе нема да го има одделот за застапување
Следна статијаПријавувањето е во тек: Биди дел од најголемиот натпревар по математика UltiMATH и добиј 10.000 евра во кеш и 100% стипендија на Бреинстер Некст факултетот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.