Фото: Microsoft

Уште од претставувањето на Microsoft Recall минатата година се постави прашањето зошто воопшто од компанијата работеле на една ваква функција, која прави слика од екранот на секоја секунда, со цел корисникот во иднина да може да пребара што правел. 

Веднаш е јасно какви се потенцијално можностите за загрозување на приватноста и безбедноста на корисниците, а интересно е што Microsoft за една ваква функција не воведе доволно добри заштити, па дата базата на почеток не беше ни шифрирана. 

По критиките, Microsoft Recall ги доби потребните заштити, но останува прашањето, дали е потребна една функција која прави слика од екранот на се што прави корисникот, без разлика што тие слики остануваат локално на компјутерот. 

Recall функционира на основа на вештачка интелигенција, па исатат им е достапна само на корисниците со чипови кои имаат посебен „неврален“ процесор (NPU), односно на Copilot+ компјутерите. 

При крајот на минатата година можевме да прочитаме дека една од новите заштити на Recall не функционираат баш најдобро, па функцијата прави слика и кога не треба, односно кога корисникот се најавува на некој сервис со својата лозинка и слично. 

Иако се поминати доста месеци, Recall сѐ уште не успева да функционира целосно како што би требало, а се поставува и прашањето дали е тоа воопшто можно. Според тест направен до страна на The Register, Recall повторно прави слика од одредени работи кои не би требало, во одредени ситуации. 

Најчесто слика е направена кога не е јасно дека се работи за поле за лозинка или кога не е точно јасно дека на екранот се прикажуваат информации кои се приватни. 

Со оглед на тоа што е тешко секогаш да се направи саканата разлика на екранот, доаѓаме повторно да заклучокот на почетокот, дали воопшто е потребна една ваква функција. 

За разлика од минатата година, сликите сега се шифрирани, па не е баш лесно да се добие пристап до нив, што значи дека ризикот не е толку голем, но нема потреба од додавање на ситуации кои можат да го зголемат ризикот. 

Brave прелистувачот, на пример, веќе не дозволува правење слики од апликацијата, нешто што не ме чуди да го следат како пример и други. Не би ме изненадило на крајот Recall да биде откажан. 

ИЗВОРPCWorld
Претходна статијаКако иновативниот сензор на Galaxy Watch отвора ново поглавје во превентивната здравствена заштита
Следна статијаOpenAI го претстави GPT-5 јазичниот модел
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.