Сината „чек“ ознака, односно синиот беџ, кој е познат по друштвените морежи, а посебно на Twitter, доаѓа на Gmail. Бизнис корисниците на Google ќе можат да го користат и со тоа да го потврдат својот идентитет на корисниците кои ги добиваат пораките.

Оваа новина е додаток на BIMI – Brand Indicators for Message Identification функцијата претставена пред 2 години и која овозможуваше бизнис корисниците да користат автентикација на нивната сметка и да го верификуваат нивното лого. Ова лого потоа се прикажува до адресата на испраќачот, нешто што требаше да овозможи еден вид гаранција дека се работи за потврдена адреса.

Поради успешното заобиколување на оваа функција и додавање лого од „фишинг“ адреси, Google со воведувањето на сината ознака ќе овозможи многу поголема сигурност на корисниците.

Кратко кажано, секоја добиена порака која ја има сината ознака гарантира дека адресата и доменот се во сопственост на корисник кој ја има потврдено таа сопственост.

Обичните корисници очекувано нема да може да добијат ознака, а исто така пораките кои не се од корисници на Google нема да можат да ја користат оваа функција.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаПодобар сон, подобро здравје: Samsung го претстави новиот One UI 5 Watch
Следна статијаMozilla влегува во друштвените мрежи и верува дека ќе ги подобри со уште поголемо модерирање на објавите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.