Фото: Shutterstock.com

Една работа која излезе на површина со друштвените мрежи, а посебно со корона кризата, е степенот до кој компаниите вршат модерирање на содржината, односно одлучуваат што е вистина, а што не и соодветно на тоа дали нешто треба да остане објавено. Ова излегува надвор од основните правила на забрана на насилство и слични екстремни негативни форми на изразување.

Корисниците кои објавуваат секакви работи се познати и проблем одамна, но начинот на којшто компаниите решија да се справат со нив, нема врска во основа со справување со нив, а тие се користат само како оправдување за на крајот да се прави, кратко кажано, цензура на многу теми.

Затоа купувањето на Twitter од страна на Елон Маск беше голема и важна работа, а посебно поради најавите дека тој планира целосно да се придржува до правилата за слобода на говор.

Од Mozilla размислуваат нешто поразлично и може слободно да се каже дека тотално ја покажаа нивната „woke“ страна. Тие сметаат дека решението за состојбата со друштвените мрежи е уште поголема модерација на објавите, а интересно со тоа што токму на овој начин доаѓа до цензура. Многу лесно се доаѓа од објава на некоја информација која не е баш точна, до блокирање на некоја која е точна, но модераторот не се сложува со истата.

Своите гледишта тие ќе ги покажат преку влезот на пазарот на друштвени мрежи, на еден начин, преку креирање на свој сервер на децентрализираната мрежа Mastodon. Се истакнува дека правилата за објава на нивниот сервер, на mozilla.social, ќе бидат тие истакнати во нивниот Mozilla Manifesto и вклучуваат работи како човечко достоинство, вклученост, безбедност и индивидуално изразување на соработка.

Проблемот со овие точки е што сите се општи и неодредени, па од тука и произлегува просторот да било која содржина биде означена дека ги нарушува правилата. На овој начин и настанаа проблемите со моменталните друштвени мрежи.

Ќе видиме колку популарност ќе добие оваа друштвена мрежа од Mozilla, но некако не сме оптимисти дека ќе успее да им конкурира на големите.ф

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Mozilla
Претходна статијаGoogle ќе овозможи нивните бизнис корисници да добијат сина ознака на Gmail како на друштвените мрежи
Следна статијаКако треба да изгледа новиот поголем надворешен екран кај Galaxy Z Flip5
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.