Microsoft колку и да најавуваат, изгледа не планираат да престанат со нивните практики кои ги користат за да ги натераат корисниците да го користат Edge прелистувачот.
За да овие практики бидат уште повеќе познати во јавноста, а и да се „лобира“ кај регулаторните тела, неколку компании кои стојат зад развојот на интернет прелистувачи, се здружија во група наречена Browser Choice Alliance.
Оваа група ја повикува ЕУ да го назначат Microsoft Edge како „производ чувар“ врз основа на европските закони, односно Digital Markets Act.
Од Browser Choice Alliance ги истакнуваат техниките кои Microsoft ги користи за да им отежне на корисниците да користат друг прелистувач во Windows, како отежнување на процесот, поставување на пречки, отворање на Edge кога се користат Teams или други сервиси од компанијата, а на оваа страна се објаснети дел од овие тактики.
Дел од Browser Choice Alliance се Opera, Vivaldi, Google Chrome, Wavebox и Waterfox. Интересно е што на оваа иницијатива не се приклучуваат од Mozilla.