Познатиот прелистувач Brave, познат по својата приватност, на своите корисници ќе им овозможи да прават групни видео повици во време кога тие се многу повеќе популарни од „обично“ време.

Brave Together е името на новата функција на Brave прелистувачот, а истата овозможува неограничени видео разговори, со исто така неограничен број на учесници. Ова дефинитивно ќе го направи конкурентен и привлечен овој сервис, со оглед на ограничувањата кои ги поставуваат некои од сервисите.

Сервисот од Brave е направен на основа на Jitsi, платформа за видео повици која наводно е препорачана од страна на Едвард Сноуден поради нејзината приватност и шифрирани разговори. Уште не е познато дали шифрирањето е имплементирано во Brave Together, но сепак сервисот моментално е во тест фаза, од Brave не би го рекламирале дека е приватен ако не планираат да овозможат шифрирање.

Функционирањето на Brave Together е доста едноставно. Корисниците се што треба да направат е да ја отворат страната https://together.brave.com/ и да притиснат на копчето „Start Video Call“. Со тоа се креира таканаречена „соба“, а со испраќање на линкот до таа соба, корисниците може да се поврзат на разговорот.

Brave Together нуди и повеќе прилагодувања на разговорите, односно корисниците можат да постават лозинка за да не може секој да се поврзе, па да има ситуации како со Zoom, каде корисниците невнимавајќи каде ги објавуваат линковите до разговорите, на нив се имаат поврзувано луѓе кои не ги познаваат и се таму за да „се шегуваат“ со нив.

Во разговорите ќе може да се одреди кој корисник да нема звук, сите уште од почетокот да немаат звук, ќе може да се гледаат YouTube видеа, прилагодување на квалитетот на видеото и слично.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаWindows 10 May 2020 Update официјално достапна за сите корисници
Следна статијаКако да ослободите простор на вашиот диск по инсталација на Windows 10 надградба
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.