Компаниите кои стојат зад развојот на трите најпознати интернет прелистувачи и веб технологии, се здружија за развој на алатка за мерење на перформансите на прелистувачите.

Apple, Mozilla и Google работат на развојот на третата верзија од познатата алатка Speedometer, која е развиена од страна на Apple.

Овие три компании ги држат најпознатите прелистувачи и нивните технологии, односно Apple Safari и WebKit технологијата, Mozilla Firefox и SpiderMonkey технологијата, како и Google Chrome и Blink и V8 технологијата.

Целта на здружувањето е да се направи алатка која ќе може да биде навистина меродавна во резултатите, односно корисниците да бидат сигурни дека ниту една компанија нема да се обидува нивната апликација да излезе како поспособна од што е во споредба со другите.

Начинот на којшто тие ќе се обидат да го постигнат ова како цел е преку одлучувањето кое ќе биде заедничко, односно сите страни ќе мора да се сложат за поголемите промени во алатката.

Исто така, дури и за помалите промени, ќе мора да се сложат барем две страни, а ќе мора да се земат во предвид забелешките и мислењата од сите.

Новата алатка, Speedometer 3, уште е во почетоците од развојот, па не треба да се очекува баш наскоро, па ќе видиме како ќе оди развојот. Во меѓувреме, корисниците можат да продолжат да ја користат Speedometer 2.1 алатката.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаССК: Малите и микро претпријатија на удар на измени на Законот за данокот на добивка
Следна статијаGoogle ќе помогне при читањето на лошиот ракопис на докторите во рецептите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.