За време на конференција од Google во Индија, од компанијата презентираа нова можност на која работат за нивната Google Lens функција. Google Lens, која започна како посебна апликација, а сега е интегрирана во Google апликацијата за мобилните, овозможува препознавање на текст и објекти со камерата. Ова е доста корисна функција која сега ќе стане уште покорисна.

Како дел од развојот на веќе достапната можност за препознавање на ракописен текст, Google Lens ќе почне да го „дешифрира“ лошиот ракопис по кој се познати докторите. Со ова ќе им се помогне на луѓето да разберат за каков лек се работи во рецептите кои ги добиваат.

На презентацијата беше прикажан пример како успешно се открива лекот кој е напишан од страна на доктор, а се истакнува и дека доктори учествувале во развојот, односно дополнувањето на оваа функција.

Нема конкретна информација за тоа кога може да се очекува пуштањето на оваа функција, а добро е што ќе може да се користи и кај нас во ситуациите кога докторите ги пишуваат лековите во оригиналното име, односно на латиница.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаApple, Mozilla и Google работат на развој на наредната верзија од Speedometer алатката
Следна статијаНа 14 февруари конечно доаѓа крајот на Internet Explorer
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.