83f5a9d531484d77de746b4be155823c

Малите Bluetooth звучници дефинитивно ги заменуваат поголемите “Stereo” системи, пред се поради тоа што овозможуваат доволно квалитетно, лично аудио искуство, преносливи се и не фаќаат многу место по дома. Но, што со квалитетните звучници од стариот стерео систем кои само ни фаќаат место по дома?

Отсега, наместо да ви фаќаат прашина, можете да ги претворите во Bluetooth звучници, благодарение на Vamp Stereo. Ова е мал уред со вградена батерија, кој може да се поврзе преку Bluetooth со вашиот паметен уред од една страна и со два стерео звучници од другата страна.

На овој начин ќе може да ги претворите вашите стари звучници во начин безжично да слушате музика од вашиот компјутер, таблет или паметен телефон, односно ако не се доволно големи, дури и да ги понесете со вас надвор, бидејќи Vamp Stereo има батерија која овозможува до 10 часа репродукција на музика.

Идејата зад Vamp Stereo е да се намали фрлањето на звучници по отпадите – според неговите создатели, преку 10.000 звучници завршуваат во центрите за рециклажа во САД секој месец. Кај нас сигурен сум дека таа бројка не е толку висока, но како и да е, ваков уред би бил одличен за македонскиот купувач, кој е често со ограничени средства за вакви геџети.

Цената на Vamp Stereo сепак изнесува високи 50 долари, особено што за тие пари има и квалитетни Bluetooth звучници. Сепак, можноста да слушате музика на поголеми и разделени стерео звучници секако дека не треба да се потцени – тие можат да извадат многу подобар звук.

За оние кои пак немаат звучници по дома, Vamp нуди и звучник (наречен Vamp Speaker, секако), кој е специјално дизајниран за Vamp Stereo. Звучникот е (секако) изработен од рециклирани материјали и може да се добие заедно со Vamp Stereo за 100 долари.

https-blueprint-api-production-s3-amazonaws-com-uploads-card-image-215124-the_vamp_speaker

Доколку сакате да го поддржите Vamp, тој е моментално Kickstarter кампања (линкот е подолу), каде има собрано скоро половина од побараните 130.000 за да пристигне на пазарот. Кампањата завршува на 13 Октомври, додека првите примероци кај купувачите треба да стигнат во Мај, 2017 година.

Извор: Mashable, Yahoo, Kickstart

Претходна статијаYahoo потврди хакирање на нивната мрежа – украдени податоци од 500 милиони корисници
Следна статијаНаскоро небата ќе бидат преплавени со беспилотни летала