Yahoo!_logo

Информации за случајот почнаа да излегуваат оваа недела, па се очекуваше Yahoo да излезе со официјално соопштение. Тие тоа го направија и потврдија дека при крајот на 2014, нивната мрежа била цел на хакерски напад преку кој биле украдени податоци за најмалку 500 милиони корисници.

Од компанијата исто така истакнуваат дека веруваат дека нападот бил направен од „страни спонзорирани од државата“. Ваквите напади кои се поддржани од државите, односно властите се се’ почести, а тоа на сите им е јасно по познатите откритија на Едвард Сноуден.

Информациите од сметките на корисниците кои биле украдени ги вклучуваат нивните имиња, имејл адреси, телефонски броеви, дати на раѓање, лозинки, а во одредени случаеви и енкриптирани и неенкриптирани сигурносни прашања и одговори.

Истрагата покажала дека хакирањето на довело до крадење на информации како што се незаштитени лозинки, информации од кредитни картички, информации од банкарски сметки. Овие информации се чуваат на систем којшто не бил цел на нападот.

Како и обично, се препорачува веднаш да ја промените вашата Yahoo лозинка. Доколку сте корисник на Yahoo, при наредното најавување самиот систем ќе побара од вас да го направите тоа.

Исто така, се препорачува промена на лозинките и други информации од сметките на други сервиси кои ги користите, а можеби имате иста или слична лозинка. Доколку на некој сервис се најавувате со Yahoo Mail, исто така се препорачува промена на лозинката на тој сервис.

Иако во вакви ситуации не помага користењето на сложени лозинки, тоа како пракса треба да се користи секогаш. Уште поголема сигурност дава користењето на дво-факторска автентикација, која овозможува да дознавањето на лозинката од одреден сервис, не е доволно за влегување во вашата сметка.

Извор: Yahoo

Претходна статијаNokia развива интернет со брзина од 1 терабит во секунда
Следна статијаVamp Stereo ќе ги претвори вашите стари стерео звучници во Bluetooth преносни звучници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.