Многу од луѓето имаат болки во кичмата. Според Светската здравствена организација, во текот на животот околу 60-70% од луѓето ќе имаат болка во кичмата, а истата е сместена во топ 10 болести  и заболувања што ги мачи луѓето. Многу често ваквата болка настанува поради неправилно седење, повреда и неправилно вежбање, што предизвикува намалување на просторот меѓу пршлените и притисок врз нервите.

Во повеќето случаи единствено вежбањето на општи и специјални вежби за болка во кичма може да помогне со болката и да ја намали или уништи. Иако веќе постојат некои уреди кои ветуваат помош, како што е e-Dura, сепак тие се доста далеку и мора да преземеме чекори веднаш за да управуваме со ваквата болка. На помош доаѓа Valedo, уред чија задача е да ви помогне да ја намалите болката во кичмата.

img_4825

Valedo е сет од неколку сензори кои се закачуваат на различни делови на телото користејќи медицинска трака: кичмата и градите. Уредот ве следи додека правите некоја од 45-те вежби кои се поделени за посебните мускулни групи, а кои можете да ги правите стоечки, седечки и лежечки. Според Роберт Мекензи, производствениот менаџер, доволно е да правите 3 сесии на вежбање по 10-15 минути неделно, за две недели, за да осетите подобрување во болката во кичмата.

Секако, овој уред не ве лечи директно туку ви помага да вежбате. Тој што има болка во кичма знае дека единствено вежбањето помага бидејќи има недостаток на соодветна терапија за овој многу раширен медицински проблем. Токму околу вежбањето Valedo ви помага за да го постигнете намалувањето и елиминирањето на болката.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаКинеската компанија WinSun успешно испечати зграда за живеење со 3Д принтер
Следна статијаMegaChat официјално пуштен во бета верзија, ќе овозможи енкриптирани аудио и видео повици