B7vVci9CcAA8FCO

Дали би живееле во зграда испечатена од 3Д принтер? Дали можат мајсторите за градба да се заменат толку лесно, безбедно и евтино? Од кинеската компанија WinSun се сигурни дека може, и за да го демонстрираат истото само што создадоа цела зграда испечатена со 3Д принтер.

Зградата е малечка, со 5 спрата и со површина од 1.100 квадратни метри. За нејзиното изработување од WinSun користеле 3Д принтер со димензии: 40 метри должина, 10 метри широчина и 6,6 метра висина, а е дизајниран и изведен од Ma Yihe, позната кинеска компанија која се бави со 3Д принтери веќе цела декада. Овој 3Д принтер користи комбинација на земја и индустриски отпад (на пример стакло) која ја поставува околу цемент што брзо се суши.

Со ваквиот принтер тие успеале да ги создадат скоро сите составни делови од зградата, а потоа да ги постават заедно со челичната конструкција и изолацијата кои се потребни според правилата за градба во Кина. Ѕидовите на зградите се шупливи и имаат цик-цак патеки за да бидат појачани. Ваквиот дизајн остава простор за изолација и за спроведување на кабли, греење и друга инсталација.

Ваквото печатење на згради испушта околу 30 – 60% помалку градежен шут, ги намалува трошоците за изработка за околу 50 – 80% и го намалува времето на изработка за 50 – 70%. Според пресметката, печатењето на оваа зграда чини околу 161 илјада долари (сегашни 139 илјади евра).

И покрај тоа што ова ќе ги замени градежните работници во огромен процент некаде во иднината, тоа сепак не е причина за паника. Тие секогаш можат да продолжат да работат во поврзаните индустрии за изолација, фасадирање, молерисување и слично, или пак можат да вложат труд и да започнат да учат дизајнирање и изведување на 3Д печатење на градби. Со нивното искуство секако дека ќе придонесат кон подобро изведување на ваквите градби.

Извор: CNet, Time

Претходна статијаSurface Hub, 84 инчниот таблет на Microsoft
Следна статијаValedo е уред кој ви помага да ги намалите болките во кичмата