Рускиот „јутјубер“ кој минатата година предвреме го прикажа MacBook со М4 чипот, „Wylsacom“, сега објави видео од iPad Pro со М5 чипот. Таблетот, како и чипот, сѐ уште не се официјално претставени, а се очекуваат овој месец.
Како што се очекуваше, Apple немаат направено никаква разлика од моменталниот модел, па главната разлика ќе биде само во новиот М5 чип, кој ќе донесе нешто подобри перформанси.
Според тестовите кои ги прави на неколку апликации за „бенчмарк“, може да се види дека разлика и не е нешто посебно голема кај перформансите, па истата изнесува околу 10-15%, а е нешто поголема кај графичкиот чип.
Може да се види дека исто како и кај новите iPhone телефони, почетната меморија е 256GB, што е одлична одлука од страна на Apple, а тука е и поголемата RAM меморија како и „кеш“ кај процесорот.
Видеото можете да го погледнете на овој линк.