Извори во Microsoft на Windows Central, најавуваат промена во стилот на третата верзија од Surface Duo уредот со двоен екран. Нема информации дека двете верзии од овој уред се покажаа нешто посебно популарни, па од компанијата иако веќе го имаат завршено дизајнот на Surface Duo 3, плановите за негово пуштање биле откажани.

Новите планови на Microsoft вклучуваат уред со екран кој се превиткува, односно нешто како Galaxy Z Fold серијата, наводно. Тоа значи дека уредот би имал еден екран кој се преклопува на внатрешната страна и уште еден екран за користење во режим на смартфон од надворешната страна.

Нема повеќе информации за кога би можеле да го очекуваме овој уред од Microsoft кој може да користи и друг бренд, а не Surface Duo. Дополнително се очекува дека Microsoft ќе работи на софтверот кој треба да овозможи нешто поразлично искуство од останатите Android уреди, а исто така поголема поврзаност со Windows, нешто како што Apple им овозможува на нивните корисници.

Според изворите на Windows Central, можно е Microsoft да претстави и класичен смартфон под брендот на Surface, исто така на Android, па можеме да очекуваме повторно враќање на компанијата на пазарот на смартфони.

Останува само да видиме што од ова е точно, а и што навистина ќе се реализира, односно нема да биде откажано.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаTwitter додаде „табови“ на главната страна за полесен избор кои објави да се гледаат
Следна статијаApple можно е да го промени ставот за додавање екран на допир кај нивните MacBook компјутери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.