Twitter, почнувајќи прво со својата iOS верзија од апликацијата, воведе нов начин за префрлување од стандардното прикажување на објавите или само од сметките кои корисикот ги следи. Ова досега беше достапно, но потребни беа неколку кликови, а и копчето не може да се каже дека беше баш лесно видливо.
Промената на листата со објави сега се прави преку два нови таба, кои покрај со притискање, може да се променат и со повлекување лево или десно. Ова доста ќе ја олесни промената на листите, но сепак не може да се стави во категорија на позитивно во споредба со тоа што корисиците го бараат, а тоа е да не се користи алгоритам.
Како и досега, кога ќе се отвори апликацијата, ќе се прикажуваат објавите од сметките кои се следат, во различен редослед, како и објави од сметки кои не се следат, но алгоритамот ги смета како интересни и важни за коринсикот. Овој дел сега е наречен For you, а веднаш почнаа и споредбите со TikTok.
Вториот таб, Following, ќе ги прикажува само објавите од сметките кои се следат, а истото е по хронолошки редослед, односно од најнови кон постари.
Можеби доста корисници не сакаат алгоритам да одлучува што да им биде прикажувано, но факт е дека кога се следат голем број на корисници, хронолошкиот редослед не е баш практичен за да се видат објавите кои обично се сметаат за интересни.