Марк Гурман од Bloomgerg, кој ретко кога има згрешено со некоја од информациите, најавува можност Apple да претстави Mac компјутер со екран на допир. Ова би било промена на досегашниот цврст став на компанијата дека компјутерите не треба да имаат екран на допир и дека тие тоа не планираат да го воведат.

Компјутерот кој наводно би бил првиот Mac со екран на допир е MacBook Pro во 2025 година, а овој компјутер треба да дојде и со OLED екран. Информациите говорат дека Apple уште од наредната година би требало да почнат да ги префрлаат нивните уреди на OLED, а меѓу првите би бил iPad Pro.

Објаснувањето на Стив Џобс зошто лаптоп компјутерите не треба да имаат екрани на допир е дека користењето на овие уреди, кои се поставени вертикално, не се удобни и самото користење не е ни приближно исто како смартфон или таблет компјутер.

Овој став дефинитивно е логичен, па според нас екран на допир може да се додаде само кај хибридните уреди, чии екрани се вадат или преклопуваат, па корисникот добива еден вид на поголем таблет компјутер. Кај класичните лаптопи, корисниците можат да поминат и без ваков екран, а посебно во случајот на Apple каде „тракпадот“ е можеби најдобар на пазарот и овозможува голема прецизност при работењето.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаНаредната верзија од Surface Duo ќе дојде со еден екран на преклоп како кај конкурентите
Следна статијаMicrosoft претстави нова и поевтина претплата за Microsoft 365 сервисот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.