Скопје 9. јануари 2023 – Компанијата Samsung Electronics ја претстави SmartThings Station, практично јадро на паметен дом и база за брзо полнење.

Бидејќи пазарот на паметни домови продолжува да расте, на корисниците им требаат едноставни, интероперабилни и сигурни начини за поврзување на значителен број уреди. Станицата SmartThings нуди брзо поставување и компатибилност со низа производи за паметни домови, вклучувајќи ги и уредите Matter, со леснотијата на користење што корисниците ја очекуваат од Samsung. Благодарение на станицата SmartThings, корисниците можат да автоматизираат различни аспекти од нивната домашна средина и на тој начин да постават рутини кои им го олеснуваат денот и помагаат да се намали непотребната потрошувачка на енергија со лесно исклучување на светлата и апаратите.

„Паметниот дом не треба да биде комплициран или скап. Затоа сакавме да изградиме SmartThings Station како едноставно, доверливо и проширливо јадро на паметниот дом“, рече Џејен Џанг, извршна потпретседателка и директорка на SmartThings во Device Platform Center во Samsung Electronics. „Бројот на уреди во поврзаниот дом продолжува да расте, особено во светло на неодамнешното воведување на стандардот Matter. Горди сме што помагаме да им на корисниците полесно да ја прифатат оваа извонредна технологија“.

Попаметен дом со минимален напор

Samsung SmartThings Station лесно се поставува. Кога корисникот ќе го приклучи уредот за прв пат, на неговиот паметен телефон Samsung Galaxy се појавуваат пораки кои непречено го водат низ процесот на поврзување. Корисниците исто така можат да изберат опција за ефективно спарување на уредите со едноставно скенирање на QR-кодот со камерата на паметниот телефон.

Интуитивно прилагодување на секојдневната рутина на корисникот

Центарот за паметни домови им помага на различните уреди, вклучително и термостати, светла и приклучоци, беспрекорно да се поврзат со други уреди поврзани со серверот за паметни домови за да можат сите заедно да работат како би создале кохезивна средина. SmartThings Station ја олеснува автоматизацијата на рутините дефинирани преку мобилната апликација SmartThings без потреба од корисниците рачно да контролираат поединечни уреди.

Со притискање на копчето Smart на SmartThings Station, корисниците можат да активираат рутина дефинирана во нивната апликација SmartThings. На пример, кога е време за спиење, еден допир може да предизвика рутина за спиење – што може да ги исклучи светлата, да ги затвори ролетните и да ја намали температурата. Или, ако филмската ноќ на менито, филмската рутина може да го вклучи телевизорот и да ги затемни светлата. Кога излегувате од дома, станицата SmartThings може да ги исклучи приклучоците и неискористените апарати за да заштеди енергија и да го активира безбедносниот систем. Корисниците можат да изберат и рутина за играње, која може да активира специјални поставки за ТВ и осветлување и да го вклучи режимот „не вознемирувај“.

Kорисниците можат да стартуваат дури три рутини со притискање на копчето Smart, со кратко, долго или двојно притискање. Рутините може да се активираат и преку апликацијата SmartThings, без разлика дали сте дома или не.

Попрецизно наоѓање и управување со уредите во куќата

SmartThings Station е интегрирана и со сè попопуларната услуга за следење уреди на Samsung „SmartThings Find“, која им помага на корисниците да ги пронајдат изгубените уреди – со двојно притискање на копчето Smart истиот ќе ѕвони на вашиот телефон кој е во близина за да ви помогне да го пронајдете.

Работејќи како скенер на уреди „always at home“, SmartThings Station им помага на корисниците на Samsung Galaxy да ги следат локациите на нивните регистрирани уреди – од паметни телефони, таблети, часовници и слушалки до лични предмети како што се клучеви или паричници кои имаат прикачена Galaxy SmartTag или SmartTag+ на нивниот уред. Со редовно скенирање уреди, SmartThings Station на корисниците им ја обезбедува локацијата на поврзаните паметни уреди или означените објекти во домот и испраќа известување до паметниот телефон на корисникот кога означениот предмет или уред ќе замине или ќе се врати дома.

Подлога за брзо полнење што совршено се вклопува во паметен дом

SmartThings Station е исто така моќна подлога за полнење што поддржува безжично полнење до 15 W. Брзото полнење е феноменален додаток на центарот Smart Home бидејќи совршено го следи ритамот на животот. Корисниците можат да изберат да добиваат известувања кога полнењето ќе заврши, за да можат да продолжат каде што застанале или да се префрлат на полнење на друг уред.

Претходна статијаMicrosoft се откажа од прикажувањето предлози за веб страни во Старт менито на Windows 11
Следна статијаLenovo ThinkPhone by Motorola е бизнис телефон за корисниците на ThinkPad уредите