Едно мора да се признае, а тоа е дека Microsft изминатите години нема проблем со откажување на одредени функции кои немаат поминато баш најдобро кај корисниците. Зошто воопшто размислувале за такви функции е веќе друго прашање.

Во ноември минатата година, во рамките на верзија 25247 од dev каналот од Windows Insider, Microsoft воведе две новини кои навистина не беа потребни, а посебно првата. Едната функција вклучуваше предлози за веб страни во Старт менито, поточно во recommended делот. Ова слободно може да се каже дека е тотално неприкладно да се прикажува во Старт менито, па добро е што од компанијата се решија дека оваа функција нема да продолжи да биде достапна, односно е откажана уште пред да им биде пуштена на сите корисници.

Втората функцијата не е толку „страшна“, но сепак непотребно го комплицира работењето во Windows. Suggested Action прикажува мало копче со чие притискање ќе се отвори Microsoft Edge и ќе го пребара текстот кој што е селектиран. Ова копче се прикажува секогаш кога корисникот ќе селектира некој текст во Windows.

Овие две функции се тргнати со најновата и прва верзија за 2023 година во dev каналот, односно верзијата 25272 од Windows Insider. Со оглед дека тестирањето се правеше во dev каналот, значи дека повеќето од корисниците не беа ни блиску до добивање на функцијата, а исто така се покажа и корисноста на Windows Insider програмата.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаApple ќе го претстави нивниот уред за проширена реалност оваа пролет
Следна статијаНа CES 2023, Samsung ја претстави SmartThings Station која ги прави паметните домови подостапни за сите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.