Создавањето на совршен коктел е работа за вистински професионалци кои знаат точно која состојба да ја измешаат во точно потребното количество, на крајот резултирајќи во совршен освежителен пијалок. Бел русин, црн русин, секс на плажата, Long Island, маргарита, мохито… одлични комбинации во рацете на искусен коктел-мајстор.
Сепак, создавањето на совршен коктел нема за долго да остане во рацете на овие професионалци и тоа со помош на ново парче технологија наречено MixStik. Се работи за „стапче“ кое се поврзува со вашиот преносен уред и ви кажува кој составен дел колку да се дотури за да биде совршен коктелот, и тоа преку систем на LED светилки на него.
Во апликацијата има еден куп на коктели меѓу кои и класичните кои сите веќе ги знаеме (и дел од кои беа спомнати погоре). Интересното е што таа може и да ви предложи каков коктел да направите со помош на намирниците кои веќе ги имате, ако не сте во можност да докупите други. На пример, ако имате млеко, рум и минт ќе ви најде коктел кој ги содржи овие и ќе ви каже во кој размер да ги измешате.
MixStik се поврзува со уредот преку Bluetooth, а еден телефон може да биде поврзан со дури 5 вакви стапчиња во исто време, овозможувајќи групно создавање на коктели. Ако вашата работа од соништата била коктел-мајстор, можете да го нарачате MixStik од страницата на Kickstarter кампањата за 34 долари (засега).
Па, на здравје нека е!
Извор: CNet, TechCrunch