microsoft-vr-kit

Софтверскиот гигант пред неколку месеци ни ги покажа HoloLens очилата, кои буквално прават 3D холограм пред вашите очи, во просторијата во која се наоѓате. Сепак, таа технологија се уште не е спремна за да излезе на пазарот и до тогаш, Microsoft ќе понуди VR кит „ала“ Google Cardboard, во кој ќе можете да го ставите својот Windows телефон и да уживате во виртуелната реалност.

Уредот за виртелна реалност беше најавен на реклама за Hackathon настанот на 17-ти октомври, наменет за дивелоперите, на кој најмногу ќе се зборува за развивање игри за виртуелна реалност. На страната се спомнува дека секој што ќе има добра идеја за игра во виртуелна реалност, ќе добие VR кит како подарок од Microsoft.

Иако не е најавено, стегаме палци дека овој VR кит ќе биде претставен на настанот на 6-ти октомври, кога премиера ќе доживеат новите Lumia 950 и 950 XL.

Бидејќи VR китот ќе работи кога ќе се стави паметен телефон во него, во комбинација со дисплеите со резолуција од 2560х1440 пиксели на новите Lumia телефони, може да се добие прилично реално VR искуство и не би било лошо уште во старт Microsoft да го има овој целосен систем како пакет.

Се уште немаме информации колку би чинел ваквиот уред доколку се појави на пазарот, но бидејќи ќе биде изработен од прилично евтини материјали, како пластика, може да очекуваме дека цената ќе биде под 100 долари.

Извор: Windows Central

Претходна статијаBlackBerry Priv прикажан (не толку успешно) од директорот на компанијата
Следна статијаGoogle го зголеми лимитот за големината на апликации во Play Store на 100MB