kibojet-640x420

Добра тастатура е добра тастатура – може да направи чуда за вашата работа, особено ако се занимавате со некоја дејност која бара подолго куцање текстови или бројки. Од друга страна, проектор кој би можел сликата од компјутерот или телефонот да ја проектира на ѕидот би бил од помош бидејќи би можеле да работите на вашиот телефон или таблет без да мора да се ѕверите во него постојано, а би можеле и да погледнете по некој филм или Youtube видео како кино-проекција.

Што велите за спојување на овие две работи во една која може да ги прави и двете истовремено? Токму тоа е идејата на KiBoJet, најновиот тип на тастатура развиен од компанијата Sho U која што има пикопроектор вграден во себе. Тастатурата можете да ја поставите на некое биро одспротива некој ѕид, и со помош на проекторот да ја проектирате сликата од вашиот компјутер или телефон/таблет директно на ѕидот.

KiBoJet2

Тастатурата дополнително го поддржува Intel Compute Stick за кој веќе пишувавме, а кој претставува преносен микрокомпјутер сместен во обичен мал стик кој можете да го вклучите во KiBoJet. Тастатурата има вградено WiFi, Bluetooth и звучници со моќност од 3 вати. Пренесувањето на сликата од вашиот телефон или таблет ќе може да се оствари преку WiFi или преку Miracast, а пренесувањето на сликата од компјутер може да се оствари со директно поврзување со HDMI кабел.

Проекторот има full HD резолуција (1920 x 1080), барем според изјавите на производителот, а ќе може да прикаже слика широка од 21 до 33 инчи на ѕидот. Јачината на светлината е 150 лумени, што е скоро на граница да биде употребливо во дневни услови, а во потемна соба би било сосема доволно.

Можеби на прв поглед не изгледа импресивно, но мора да земеме предвид дека се работи за прототип. Конечната пазарна верзија ќе се појави во првата половина на 2016 година, што дава доста време да се подобри дизајнот и карактеристиките. Засега, позитивната работа е што тастатурата е многу стабилна и на тестовите на куцање нема вибрации во приказот. Очекуваме да видиме како Sho U ќе ја подобрат и која цена ќе и` ја назначат.

Извор: CNet, Ubergizmo

Претходна статијаВе интересира ли како ќе изгледа Земјата за 100 милиони години, и како изгледала во историјата?
Следна статијаWindows 10 ќе биде финализиран оваа недела