windows-10

Со оглед на тоа што 29-ти јули веќе не е толку далеку, финалната верзија од Windows 10 може да се очекува дека ќе биде финализирана наскоро. Тоа посебно важи за RTM (Release to manufacturing) верзијата која што е наменета за производителите на уреди.

Според извори на The Verge кои што треба да се запознаени со случувањата, Microsoft планира да ја заврши оваа фаза од развојот на оперативниот систем веќе оваа недела. Тоа значи дека производителите на уреди се очекува да ја добијат финалната верзија од Windows 10 оваа недела, по што ќе можат да почнат да нудат уреди со овој оперативен систем.

На 29-ти јули ќе започне, како што известија од Microsoft, етапното пуштање на надградбата на Windows 10 за сите компатибилни корисници, а први во редот ќе биде тие што веќе го тетираат оперативниот систем.

Карактеристично за Windows 10 е тоа што тој ќе биде редовно надградуван и веќе нема да се чекаат години за пуштање на една поголема надградба. Заедно со безбедносните надградби кои што се редовни и во досегашните верзии од Windows, ќе бидат пуштани и нови функции.

Поради ова Windows 10 се нарекува последната верзија од Windows, односно верзија која што ќе функционира како сервис. На функции ќе се работи активно и тие ќе бидат пуштани веднаш кога ќе бидат спремни, а заинтересираните ќе можат да продолжат да ги добиваат порано преку Windows Insider верзиите од оперативниот систем.

Доколку се земе во предвид стабилноста на најновите тест верзии од Windows 10, може слободно да се очекува дека финалната верзија е спремна и ќе им биде овозможена на производителите да почнат да ја вградуваат во нивните уреди.

Извор: The Verge

Претходна статијаKiBoJet – тастатура со проектор кои ви овозможуваат да работите каде сакате
Следна статијаСнимка од дрон пуштен во центарот на огномет
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.