1208864294772620971

Сите фотоапарати и камери кои се дигитални имаат сензор кој ја претвара светлината во дигитална слика, но за да функционира сето тоа е потребна електрична енергија. Но, што ако можете да ја претворите светлината што доаѓа до сензорот во слика и електрична енергија во исто време? Тогаш ќе добиете камера што ќе се напојува себеси бесконечно.

Теоретски ова звучи како перпетум мобиле, но истражувачите на универзитетот Колумбија го постигнале баш тоа.

Иако резолуцијата на оваа камера не е баш најсјајна, и може да снима една слика во секунда, сепак теоретски таа може да работи бесконечно. Резолуцијата е само 30х40 пиксели. Штом светлината ќе стинге до сензорот тој ја претвара во слика, а потоа во струја. Практично фотодиодите се користат во фотокондуктивен и фотоволтажен режим на работа едно по друго.

Иако навидум не изгледа особено, ова е целосна револуција во дигиталната фотографија и видео.

Конечно, дколку не повеќе,  оваа технологија може да напредне доволно за сензорот да може барем делумно да ја напојува камерата со цел стандардните батерии да траат многу повеќе, што ќе биде целосна промена во текот на работа што го имаат професионалците. Доколку го достигне нивото да не мора да има потреба од батерија целосно, тоа би било фасцинантно.

Исто, ваква технологија би имала голема примена во медицината, уредите за носење и слично.

 

Извори: Gizmodo, The Verge

Претходна статијаПрибирање енергија од електромагнетните бранови
Следна статијаNew Horizons направи нови фотографии во боја од Плутон