Фото: Shutterstock.com

AI Pin е производот кој доби големи критики уште на почетокот од продажбата, а доста дури го обвинија познатиот Маркез Браунли дека бил премногу строг и негативен во неговата рецензија.

Сепак, овој мал уред со вештачка интелигенција има доволно лоши страни за да нема потреба нечија критика да е толку голем фактор во неуспешното позиционирање на производот на пазарот.

AI Pin уредот е замислен да се закачи на маицата од корисникот, на пример, а се користи во главно со гласовни команди. Направен е на основа на генеративна вештачка интелигенција, па корисниците интеракцијата ја прават слично како со ChatGPT.

Покрај ова, AI Pin има и проектор кој одредени информации ги проектира на дланката од корисникот кој користи и одредени гестикулации наместо допирот на кој сме научени кај смартфоните.

Покрај основниот проблем на овој производ, зошто воопшто е направен како посебен уред, а не како апликација за мобилните, AI Pin има и проблеми како неможност да се поврзе со мобилните, како и прегревање, кратко траење на батеријата и слично.

Сега наводно од компанијата, по продажбата на само 10.000 од планираните 100.000 уреди, бараат да „се продадат“, а според информациите тие се во преговори со HP.

Сумата за која се преговара наводно е дури 1 милијарда долари, што се чини навистина висока за производ кој очигледно нема иднина. Можеби има вредност во софтверот со вештачка интелигенција за кого би биле заинтересирани од HP.

Инаку, името на компанијата зад AI Pin e Humane и е основана од страна на двајца поранешни вработени во Apple. Според информациите, тие наводно не прифаќале критики за производот и имаат отпуштено програмер кој истакнал дека истиот не е подготвен за продажба и слични примери.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНеофицијално објавени димензиите на iPhone 16 Pro и Pro Max
Следна статијаApple ќе претстави апликација за чување на лозинки
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.