Fujifilm_Digital-970-80

Да речеме дека не сте како сите други и дека сакате вашите фотографии од летниот одмор да ги имате во реален, физички албум, а не само на Facebook. За вас, можеби најдоброто решение во моментов е инстант принтер. Instax Share SP-2 на Fujifilm е едно такво решение, кое може за само 10 секунди да испечати фотографија од вашиот паметен телефон.

Она што го издвојува Instax Share SP-2 од останатите вакви решенија е вградената апликација, која овозможува ставање филтри на фотографиите „ала“ Instagram или пак правење на фото колажи. Исто така, апликацијата овозможува печатење на една панорамска слика на две фотографии, за да може после да ги споите и да добиете вистински ефект. Нормално, во апликацијата има можност за подесување на стандардните параметри, како острина, обоеност, светлина, контраст итн.

fujifilm-instax-share-sp-2-4933

Instax Share SP-2 се поврзува преку Wi-Fi со паметниот телефон, што е многу постабилна конекција од Bluetooth. Доаѓа во две бои – златна и сребрена и чини 199 долари, што реално не е малку за уред кој нема да го користите толку често, особено што на тоа треба да ја додадете цената на хартијата – 20 долари за 20 парчиња.

Да, ова нема да биде евтин спорт, но за оние кои се повеќе загрижени за зачувување на спомените отколку фаќање што повеќе лајкови на Facebook, цената веројатно и може да се проголта.

feature01_img_01

Извор: TechRadar, The Verge, Fujifilm

Претходна статијаMicrosoft спрема Surface „се во едно“ десктоп компјутер
Следна статијаSamsung планира таблет кој ќе се преклопува како книга