Понекогаш сакате да им покажете некое видео или слика на вашите пријатели, па морате да се туркате сите пред екранот на телефонот за да ги видат како што треба. Од друга страна, кога одите на одмор можеби не планирате да го земете лаптопот, но сепак морате бидејќи нема да можете да гледате филмови на телефонот…
На ваквите случаи им доаѓа крај многу бргу. Имено, ASUS го претстави E1Z, пикопроектор за вашиот преносен уред кој може да прикажува видео преку USB кабел. Токму така, го поврзувате вашиот телефон или таблет со кабел со E1Z и тој ја емитува сликата на ѕидот или на некоја друга површина.
Позадинското светло му е од LE диоди, го поддржува целиот опсег на NTSC како и на RGB (ЦЗП; црвена, зелена, плава), и поддржува DLP за точен приказ на боите. Тоа што е дополнително интересно околу E1Z е што во себе има 6.000 мАч батерија која му овозможува самостојност, но во исто време може да се користи како преносен полнач на батерии.
Самиот проектор, бидејќи спаѓа во таканаречената „пико“ класа е многу пренослив и веројатно не тежи повеќе од две стотини грама. Се поставува прашање за јачината на неговата светлина како и за цената. Постојат некои индикатори дека цената ќе му биде околу 200 долари, но се` уште нема официјална објава од страна на ASUS.
Како и да е, одличен уред за одење на одмор без малтретирање да се тегне цел лаптоп со вас.
Извор: Geeky Gadgets, Digital Trends, Engadget