IMG_0077

Скопје, 02.06.2015: Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, денеска го најави лансирањето на новиот веб-сајт кој е оптимизиран за мобилен интернет пребарувач, за iOS и Android апликациите, како дополнување на постоечката веб страницата на компанијата,.

“Нашите истражувања покажуваат зголемена употребата на мобилни уреди од страна на нашите клиенти, додека ги пребаруваат летовите во Wizz, а нашиот нов мобилен сајт го прави тој процес многу поедноставен”, изјави Јохан Eidhagen, раководител на маркетинг и бренд на Wizz. “Во првичната верзија се фокусиравме на најчестите пребарувања за резервации, а во текот на наредните недели ќе ја додадеме и можноста за чек-ин услуги”.

Мобилната верзија од веб страната m.wizzair.com беше отворена во понеделникот и се поврзува преку веб пребарувачот на мобилниот уред. Иако повеќето корисници на мобилни телефони ја користат „WIZZ“ апликацијата за ИОС и Андроид, мал број на корисници на мобилните телефони го користат веб прелистувачот на нивниот уред и отсега можат да се префрлат на оптимизирана веб страна за мобилни. Во прилог на зголемување на функционалноста преку ажурирања, мобилната веб страна ќе биде достапна на осум јазици.

wizz-mobile-screens

“Видовме дека бројот на мобилни посетители на веб страната WIZZ неодамна порасна како процент од сите посети, што го прави ова ажурирање на новата мобилна верзија многу посовременo” – изјави Eidhagen. “Нашите клиенти се секогаш нестрпливи да ги користат новите алатки со кои WIZZ искуството е уште полесно отколку во минатото, а нашиот нов мобилен веб-сајт им нуди поголема функционалност.”

За Wizz Air
Wizz Air е најголемата ниско буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа*, управувајќи со 59 “Airbus A320” авиони и нуди** над 380 рути од 22 бази поврзувајќи 112 дестинации низ 38 држави. Во Wizz Air, преку 2.200 авијациски професионалци нудат инзворедна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за над 16.5 милиони патници во финансиската годинa, до 31 Март 2015. Wizz Air котира на Лондонската берза под тикер: WIZZ

Претходна статијаASUS E1Z – Мал проектор за вашиот преносен уред
Следна статијаПовикувајте такси со Моето Такси за Android